Власта не реагира по критиките за новата мерка, за бркањето на пензионерите, хонорарците и оние кои се вработени од зелените пазари, изјави на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Законски им забрануваат да тргуваат на зелените пазари, и предвиделе казни од 1.500 до 2.000 евра за тие лица. Наметнуваат лиценци кои ќе важат од Нова Година, а потоа ќе казнуваат. Црната власт не се грижи за народот, во нивните политики нема ниту ‘С’ за социјални политики, тоа ‘С’ е само за Северна. Не мислат дека оние кои што се на минималец, со мала плата хонорар или пензија, не им стасува да преживеат во услови на спирала на покачување на цените. Да се разбереме, оние кои што имаат повисока плата, не стојат на пазарите, изјави Стоилковски.
Стоилковски додава Зоран Заев заборавил и на нивите и на родот и на земјоделците и на пазарите.
Оваа мерка удира по чесните, оние за кои државата не одвојува доволно, а им го поскапува преживувањето, оние кои наместо живот, повторно се туркаат во црнила“, додава тој.
Власта ги зацрнува зелените пазари. Го осиромашија народот, ги скратија примањата, пензиите, ги дигнаа акцизите на горивата, го уништија земјоделството. Ранливите категории на сила ги влечеа од пазарите, им ги шутираа производите, а сега носат и закон со кој што дури 30 % од трговците на пазарите ќе бидат спречени чесно да носат денар повеќе во своите домови. И ќе казнува со илјадници евра. Црната мерка е спротивна со принципите на слободната пазарната економија, но и е противуставна. Според Уставот секому му е загарантирано право на работа и остварување дополнителен приход, вели Стоилковски.
Comments are closed for this post.