Сопствениците на оранжерии, кои се наоѓаат на државно земјиште, добија можност да да го купат земјиштето на кое се наоѓа оранжеријата, и со стекнувањето на имотни листови, ќе имаат можност за нови инвестиции во објектите, за подигнување на кредити за реновирање и модернизација на објектите, и ќе остварат право за аплицирање за мерките од европската ИПАРД програма.
Ова, е овозможено со усвојувањето на денешната владина 140-та седница на Информацијата за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост врз кое има изградено оранжерија и помошни објекти во функција на оранжеријата, односно објекти во стопанскиот двор врз основа на Јавниот повик од 22 ноември 2018 година.
Со реализацијата на овој јавен повик сопствениците на оранжерии се стекнаа со можност да го купат земјиштето на кое што се наоѓа оранжеријата, а кое што во моментов е во државна сопственост, и со стекнувањето на имотни листови, сопствениците на оранжерии ќе имаат можност за нови инвестиции во објектите, за подигнување на кредити за реновирање и модернизација на објектите, и ќе остварат право за аплицирање за мерките од европската ИПАРД програма. Можноста која што им се отвора за нови инвестиции крајно ќе влијае врз обемот и квалитетот на производството, велат од владината прес-служба.
Владата денеска го донесе и новиот текст на Уредбата за дополнување на Уредбата за доделување на техничката поддршка во земјоделството и руралниот развој, во која е додадена нова подмерка „Услуги за авионско засејување на облаците за превенција од природни непогоди и неповолни климатски настани врз земјоделски посеви “.
Со овој вид на заштита од природни климатски непогода како што е градот се постигнува најефикасен систем за превенција и неколкукратно поекономичен систем од старите ракетни системи. Проценетата вредност за набавка на услугите е 900 милиони денари, што е неколкукратно поекономично од инвестициите во ракетен систем чија проценета вредност за инсталација и одржување е еднократна инвестиција од 1,2 милијарди денари и дополнителни трошоци за одржување и набавка на материјали од 300 милиони денари на годишно ниво, посочуваат од владината прес-служба.
Comments are closed for this post.