Компанијата ГСОЛ/Еуроникел преку соопштение информира дека Собранието на доверители со големо мнозинство има прифатено планот за реорганизација на „Фени Индустри“. Оттаму нагласуваат дека планот по втор пат е прифатен како позитивен и ветувачки за „Фени Индустри“.
„Фени“ успеа да остане отворена, вработените и добавувачите да бидат платени, а економијата на земјата да има корист од над 100 милиони долари извоз во текот на последните 10 месеци од стечајниот процеес. Успешно ги обезбедивме финансиските, техничките и природните ресурси потребни за производство на никел, во тесна соработка со стечајниот управник и стотици вработени и добавувачи, се наевдува во соопштението.
Со денешното гласање, се додава во соопштението, „Фени Индустри“ е само еден чекор од конечното повлекување од стечај, а по позитивното гласање од Собранието на доверители, се очекува и судот да го потврди планот со одлука.
Помина една година откако „Фени“ отиде во стечај, а во изминатите 10 месеци откако ГСОЛ/ Еуроникел потпиша договор за обработка на никел, не само што обезбедивме континуирано функционирање на фабриката, туку и во пракса покажавме дека го поседуваме потребното знаење, средства и ресурси кои се неопходни за фабрика како „Фени“ да преживее, но уште поважно да продолжи да ја развива и да ја креира својата иднина, вели Маркос Камхис, директор на ГСОЛ.
Од ГСОЛ наведуваат дека со реализацијата на планот за реорганизација ќе започне проширувањето на производството, почнувајќи од отворањето на втората печка и неопходната надградба на производството.
Нашиот план ќе се фокусира на зголемување на производството, отворање нови пазари, обезбедување сигурност за вработените и враќање на „Фени“ на европската и светската карта како еден од најголемите процесори на фероникел, вели Герасим Кујунџиев, директор на „Еуроникел“, која е македонска подружница на ГСОЛ, одговорна за инвестициите и работењето со фероникел во Македонија.
ГСОЛ е меѓународен фонд за приватен капитал формиран во 2009 година, со фокус на природните ресурси, конкретно со фокус на метали. Оттаму велат дека имаат одлични и докажани резултати во обликувањето и работењето со фероникел на глобално ниво.
Во август 2015 година, ГСОЛ го стекна Falconbridge Dominican S.A.,целосно интегрирана компанија за производство на фероникел во Доминиканската Република, од Glencore, стои во соопштението.
Comments are closed for this post.