Мерката за повраток на ДДВ кај граѓаните ќе ја има истата судбина како и онаа мерка што ја гледавме и пред неколку години кога илјадници фискални сметки се извлекуваат во базени полни со коверти со фискални сметки, една популистичка мерка која што мислам дека не вроди своевремено со плод, анализираше професорот и поранешен министер за финансии Трајко Славески во 24 анализа на „Телевизија 24“.
Сакам да укажам, а тоа и ќе се случи, дека оние пресметки што ги има Владата, наводно дека 50 милиони евра ќе биле вратени кај граѓаните ни оддалеку нема да се случат, затоа што за некои купувачи со помали сметки тоа не се исплатува, а може и да има инфлаторен ефект односно пораст на цените, рече Славески.
Comments are closed for this post.