Претседателите на Конфедерацијата на слободни синдикати и на СОНК, Благоја Ралповски и Јаким Неделковски денеска на прес-конференција во Штип го најавија социјалниот протест, што ќе се случи во сабота во 12 часот на Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип.
Ралповски истакна дека барањата им се покачување на платите во јавниот сектор, согласно процентот за колку е зголемена минималната плата, истата да започне од јануари годинава, потоа исплата на К- 15 за јавната администрација и да се стопира тансферот од јавен во приватен сектор. Тој ги повикаа и ресорните министри да дојдат на протестот, каде што директно ќе ги слушнат барањата и состојбите во јавниот сектор и образованието.
Можеме да кажеме слободно дека, колективните договори се еднострано прекршени, дека ние сме дискриминирани како јавен сектор. Радикализацијата на КСС ќе биде само нивна вина, а радикализацијата значи дека можно е јавната администрација да стапи во генерален штрајк, рече Ралповски.
Претседателот на СОНК, Јаким Неделковски се надева дека нема да има опструкции и оти токму во сабота училиштата нема да имаат закажано наставнички совети и семинари, какво што им било искуството од минатиот протест на 15 декември во Прилеп.
Смета дека на протестот ќе присуствува поголем број на членството не само од Штип, туку од целиот источен регион. Протесниот марш почнува од плоштадот, по што ќе се движат кон мостот кај црквата Свети Никола, потоа зградата на општината и завршувајќи го протестот на плоштадот, каде што ќе се обратат синдикалните лидери и членството. Синдикалистите сметаат дека барањата им се легитимни и согласно законите.
Comments are closed for this post.