Од Сосиете Женерал Груп информираат дека одговорните лица во компанијата потпишале договор за продавање на Охридска Банка Сосиете Женерал на Штаермаркише Банка и Шпаркасе АГ.
Продажба на акциите издадени од страна на Охридска Банка ќе биде извршена преку тендер во понуда за продажба составена во согласност и условена со одредбите и условите на Законот за преземање на акционерските друштва.
Според соопштеното, номиналната вредност на акција на Охридска Банка изнесува 2.650 денари, додека во понудата за преземање австриската банка најавува дека ќе понуди цена од 6,298,79 денари по акција. Сосиете Женерал поседува 384.844 обични акции со право на глас во Охридска Банка што значи дека транскакцијата во старт ќе изнесува 2.423.747.512 денари ( околу 40 милиони евра).
Порамнувањето на трансакцијата се очекува да се реализира во наредните месеци.
Транскакцијата, како што е соопштено, е на одобрување во Народната банка.
Денеска управниот одбор на Охридска Банка прими од Штаер намера за преземање на сите акции издадени од страна на Охридска Банка.
Штаермаркише Банка – Шпаркасе АГ Австрија во земјава е присутна од 2008 година преку Шпаркасе банка Македонија, со сегашна вкупна актива од 350 милиони евра. Со преземањето на Охридска Банка австриската банка ќе располага со вкупна актива од околу една милијарда евра.
Comments are closed for this post.