По повод Светскиот ден на здравјето, рудникот САСА донесе одлука за набавка и инсталација на опремата за целокупна реконструкција на системот за затоплување на здравствениот дом „Гоце Делчев“ во Македонска Каменица.
Ова беше договорено на средбата со раковството на Здравствениот дом на која менаџментот на рудникот се информираше за состојбите и приоритетните потреби на оваа единствена здравствна установа од ваков вид во градот. Договорно е поставувањето на новата опрема да се изврши веднаш штом се создадат неопходните услови. Вкупната инвестиција на Рудник САСА во целосна реконструкција на системот за затоплување на здравствениот дом во Македонска Каменица надминува 2,7 милиони денари.
Здравјето е сегмент за кој како компанија постојано се грижиме. Покрај вложувањата и мерките што ги спроведуваме во рамки на компанијата, наменети за нашите вработени, со задоволство донираме и во системот на јавното здравство со цел да помогнеме да се одржи неопходно ниво на здравствена заштита за луѓето од целата наша заедница“, вели генералниот директор на Рудник САСА, Олег Телној.
За да се зголеми достапноста на здравствените услуги и за жителите во најодалечените планински места во општината, рудникот САСА неодамна набави и медицинско теренско возило кое ѝ беше донирано на службата за итна медицинска помош во градот.
Системот за затоплување во здравствениот дом има големо влијание врз квалитетот на услугата што ја обезбедуваме за пациентите, но и за целокупниот медицински и помошен персонал кој работи во оваа установа, затоа што придонесува за создавање на неопходните услови за престој и работа во установата за време на зимските месеци. Истовремено, новата опрема за греење што ја обезбедува рудникот САСА ќе ни озвоможи заштеди на енергија и средства кои ќе можеме да ги искористиме за уште подобри здравствени услуги за пациентите“, изјави директорката на здрвствениот дом „Гоце Делчев“, прим. д-р Мара Глигорова, заблагодарувајки се на рудник САСА за најновата донација, како и за нивната постојана грижа и вложувања во здравството.
Comments are closed for this post.