Ребаланост на Буџетот има за цел да се алоцираат средства од оние ставки кои не се искористени, во ставки што обезбедуваат развој на економијата, велат од СДСМ.

„Најновите податоци покажуваат дека економијата е активна и се движи во добар правец. Растот на БДП во вториот квартал е 3,1 отсто што покажува дека економските мерки даваат добри резултати“, вели Фатмир Бетиќи, претседател на Комисија за финансии на СДСМ.

видео

Во таа насока вели тој со ребалансот, обезбедени се дополнителни 200 милиони денари за активните политики и мерки за поддршка на вработувањето за кои постои голем интерес.

„Обвинувањата дека ребалансот е популистички и со краткотраен ефект  значи дека ВМРО-ДПМНЕ повторно се против зголемување на платите на граѓаните, против подигање на животниот стандард, против раст на пензиите и поголема поддршка за компаниите.400 милиони денари се обезбедени за субвенционирање на придонесите од задолжителното социјално осигурување за претпријатијата кои ќе ги зголемат платите на своите вработени до 100 евра, односно до 6.000 денари“, истакнуваат од СДСМ.

Според нив оваа мерка, освен раст на платите, има за цел и сузбивање на сивата економија и давањето плати во плико, но и зголемување на приливот на средства во пензискиот фонд.

„Владата предводена од СДСМ покажува вистинска грижа за пациентите и го унапредува системот на здравствена заштита.  Со ребалансот, обезбедени се средства од 193 милиони денари за набавка на лекови за ретки болести и инсулин. Истовремено, во Фондот за здравствена заштита префрлени се 660 милиони денари за непречено остварување на правата од здравствена заштита“, вели Бетиќи.