Владата предводена од СДСМ е силно посветена на раст и развој на економијата, креирање на нови работни места и континуирано подобрување на квалитетот на животот на сите македонски граѓани.
Интервентниот план за инвестиции – ИПИ 2021-2027 е одлучен чекор преку кој го трасираме патот на силен развој на македонската економија.
Станува збор за сериозен план за инвестиции во десетици и десетици проекти во вредност од 8 милијарди и 175 милиони евра.
Како дел од проектите содржани во планот е и пречистителната станица во Скопје, проект во вредност од 136 милиони евра кој треба да стартува до крајот на оваа година.
Понатаму, инвестиција на германски „Лидл“ во Скопје и уште во 7 други градови во вредност од 300 милиони евра.
На еколошки начин, во Неготино ќе се произведува енергија од отпад, со што трајно го решаваме проблемот со отпадот за дури 48 општини. Инвестиција вредна 336 милиони евра.
Скијачки центар Попова Шапка, во вредност од 100 милиони евра.
Туристички центар Царев Врв на Осоговските планини, по принцип на јавно приватно партнерство во вредност од околу 50 милиони евра.
Клиничкиот центар во Ѓорче Петров, проект вреден околу 500 милиони евра.
Три ветерни паркови вредни 110 милиони евра во Богданци, Свети Николе и Демир Капија.
Историскиот „Чебрен“ инвестиција која се очекува да биде помеѓу 500 и 800 милиони евра.
Германската инвестиција за 400 мегавати ветерна електрана во вредност од 500 милиони евра.
Преку 2,7 милијарди евра инвестиции во железничката и патната инфраструктура во период од 2021-2027.
Планот опфаќа инвестиции во преработувачката индустрија, малопродажбата, јавното здравство, комуналната инфраструктура, водоводи и канализации, развој на туризмот.
Како одговорна партија креираме и реализираме мерки и политики за поддршка за економска стабилност, за раст и развој на нашето стопанство, за поквалитетен живот на сите граѓани.
Comments are closed for this post.