Тврдењата од опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека пезиите се намалуваат, од СДСМ ги отфрлаат како лажни обвинувања.
„Ако некој ги кратеше пензиите тоа беше ВМРО-ДПМНЕ како претходна власт која правеше усогласувања надвор од законската рамка и не им го исплаќаше целото покачување на пензионерите кое им следуваше со Закон. Владата на ВМРО-ДПМНЕ треба да одговара за дефицитот на ПИОМ, кој од 2 милијарди во 2006 достигна 19 милијарди во 2017 година. Овој дефицит го плаќаат граѓаните“, стои во реакцијата од СДСМ.
Од таму истакнуваат дека новата пензиска реформа обезбедува редовни и повисоки пензии за сегашните и идни генерации.
„Со неа започнува стабилизацијата на пензискиот фонд, каде токму лошите и неодговорни политики на ВМРО ДПМНЕ оставија долг од 15 милијарди денари.Владата предводена од СДСМ вистински се грижи за граѓаните и усогласувањето на пензиите ќе го прави два пати годишно и тоа 100 отсто со порастот на трошоците на живот, наместо само 50 отсто како што беше претходно. Со новото законско решение се воведува и дополнително усогласување на пензиите од 1 април, ако бруто домашниот производ во претходната година има реален пораст над 4 отсто“, наведуваат од СДСМ.
Додаваат дека политиките на Владата предводена од СДСМ во последните две години обезбедила стабилна исплата и континуиран раст на пензиите.
Comments are closed for this post.