Само еден процент од граѓаните во земјава може да си дозволат да купат стан или викендичка, 57 отсто имаат доволно за храна и облека, 12 проценти немаат доволно средства ниту за храна, 44 проценти немаат средства за штедење.
Ова се резултатите од истражувањето за финансиска писменост кое е спроведено од Истражувачкиоит институт – Тим институт, а денеска беа претсавени од Асоцијацијата на финансиски друштва, која е барател на истражувањето.
Филип Димитровски, претседател на Асоцијацијата потенцира дека иако голем дел од населението немаат средства, истражувањето покажува дека мал дел од нив ги користат расположливите финансиски услуги, но во исто време и не располагаат со информации за можнсотите што им се нудат.
-Тоа е евидентно во резултатите дека само шест отсто земале кредит од небанкарско финансиско друштво во изминатите 12 месеци и високи 52 отсто не користеле ниту една финансиска услуга од понудените во изминатите три години.
Димитровски посочи на растот на финансиските друштва, кои пак учествуваат само со 0,44 отсто од финансискиот сектор. Го наведе податокот од истражувањето дека две третини од оние кои зеле кредит од финансиско друшто се изјасниле дека доколку тоа не постоеле ќе позајмеле од роднини или пријатели.
Корисници на услугите од финансиските друштва се шест проценти од кредитоспособното население. Најчесто, како што рече Димитровски, ги одбираат услугите на финансиските друштва заради брзината на работењето, полесни поразбирливи услуги, подобра вредност за парите и желбата да пробуваат нови иновативни финансиски услуги. Најчеста причина заради која ги земаат средствата се поправки во домот, итни поправки и слично, различни поважни набавки како мобилен, апарата за домаќиснтва, домаќинство, мебел. итн и сервисирање на други обврски.
Comments are closed for this post.