По долги преговори, пред околу две недели нафтената компанија „Пуцко петрол“ го купи земјиштето на поранешната фабрика „Алумина“, од околу 42 илјади метри квадратни, дознава „Фактор“.
Според информациите на порталот, за ова земјиште, кое се досега беше во сопственост на израелската компанија „Газит глоуб“, од „Пуцко петрол“ платиле сума од 18 милиони евра, но со платените даноци и другите давачки, всушност оваа зделка ја чинела компанијата околу 24 милиони евра.
Инвестицијата за „Фактор“ ја потврди и првиот човек на компанијата, Асмир Јахоски, син на долгогодишниот градоначалник на Пласница, сега пратеник, Исмаил Јахоски.
Според него на местото нема да се гради бензиска пумпа на „Пуцко петрол“, но не се исклучува можноста дека ќе има станбени згради и деловен простор.
Comments are closed for this post.