Германскиот производител на луксузни автомобили БМВ ќе купува кобалт, клучна сировина на батериите за електрични автомобили, директно од рудниците во Австралија и Мароко како би биле сигурни дека во производството на тој метал не се користи детска работна сила, изјави член на управата.
Од компанијата велат ваквата метода ќе почне да се применува од идната година, за производство на новите генерации на електрични возила, изјави на брифинг за новинарите во Париз член на органот за набавка, Андреас Вендит.
Неговиот настап се надоврза на најавата на Лондонската берза за метал дека од 2022 година би можело да се забрани, односно да се исклучи тргување со брендови метал за чие производство не се почитува правото на одговорност.
Целта на таквата иницијатива е сузбивање на корупцијата и употребата на деца работници во производството на метали.
Најголеми резерви на кобалт се наоѓаат во Демократската Република Конго каде често го ископуваат во мали рудници, со минимална механизација и без надзор за ланецот на набавка.
Comments are closed for this post.