Денеска е последен ден од рокот за проверка на пресметката за годишната даночна пријава за УЈП.
До крајот на денов даночните обврзници можат да ги потврдат пријавите или да извршат корекција, ако сметаат дека внесените податоци не се точни. По истекот на рокот, пријавите ќе добијат статус на конечни даночни пријави.
Годинава, за прв пат поднесувањето на пријавите оди електронски. Даночните пријави можете да ги погледнете на ОВОЈ ЛИНК. Ќе се отвори прозорец во кој треба да ги внесете податоците (корисничко име и лозинка) коишто ги употребивте при регистрација на профилот.
Потоа ќе можете да го погледнете формуларот со пресметките, како и да извршите евентуални корекции на вредностите.
Comments are closed for this post.