Од вкупниот број фирми во Македонија 53,9 проценти годинава имале веб-страница или почетна страница. Од нив, 89,6 проценти на веб-страницата понудиле опис на производите/услугите, ценовници, 51,7 проценти навеле линкови/референци до нивните профили на социјалните медиуми, а 21 процент обезбедиле онлајн нарачување или резервирање, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во однос на е-трговијата, 5,7 проценти од деловните субјекти, со е-продажба примиле нарачки преку компјутерските мрежи, а 4,4 проценти примиле нарачки за стоки или услуги, преку веб-продажба.
Од вкупниот број фирми, 94,4 проценти користеле компјутер во својата работа. Широкопојасен пристап на интернет преку фиксна конекција имале 81.5 проценти од деловните субјекти со десет или повеќе вработени
Comments are closed for this post.