Пазарџиите најавуваат нови протести, овој пат низ цела држава. Вечерва и утре треба да се одржат состаноци меѓу поголем број закупци на тезги.
Иако примената на новиот Закон се одложи за една година, тие не отстапуваат од своето барање за негово целосно укинување, во спротивно се заканија дека ќе ја блокираат работата на зелените пазари низ целата држава. Стравуваат дека ако нивното прашање не се реши пред изборите, потоа ќе бидат заборавени од власта.
Неофицијално, пазарџиите подготвуваат и иницијатива до Уставен суд за да се преиспита уставноста на законот, што беше донесен по скратена постапка и како што велат, без консултација со сите засегнати страни.
Comments are closed for this post.