Престижниот магазин „Економист“ направи рангирање на најскапите градови во светот, на кое Париз, Хонг Конг и Сингапур го делат првото место. Рангирањето е направено според според трошоците за живеење во 133 градови ширум светот, а ова е првпат во 30-годишната историја на на ваквите рангирања на „Економист“ , три градови ја делат првата позиција.
Истражувањето ги споредува цените на секојдневните намирници, како што е лебот, а потоа се следи дали цените се зголемиле или намалиле и се споредуваат со трошоците за живот во Њујорк, кој се користи како референтна вредност.
Париз од 2003 година е меѓу десетте најскапи градови и е „исклучително скап“ за живот, наведува авторот на извештајот.
Просечната цена на женска фризура, на пример, во Париз изнесува 119,04 долари, во споредба со 73,97 долари во Цирих и 53,46 долари во јапонскиот град Осака.
Европските градови имаат највисоки цени за домаќинство, лична нега, рекреација и забава, а Париз е во овие категории добар претставник, вели авторот.
Зад Сингапур, Париз и Хонг Конг се наоѓаат Цирих, Женева, Сеул, Копенхаген, Осака, Сеул, Њујорк, Тел Авив и Лос Анџелес.
Comments are closed for this post.