Драстично намалување на цените на роаминг услугите може да имаме од јули 2019, дотогаш се очекува да се решат политичките преоблеми кои преостануваат околу имплементацијата на роамингот на западниот Балкан со земјите на ЕУ, пред сѐ блокадите помеѓу Белград и Приштина, верува Мариа Габриел, Европска комесарка за дигиталното општество и економија.
Во интервју за МИА Габриел открива уште на самитот во Софија лани даден е патоказ од јули 2019 да се започне со намалување на цените на мегабајти, но за тоа постои предуслов, мора да постои регионален договор за роаминг.
„Цената ќе биде 0,70 евра од мегабајт. Моментално е 12,14 евра, што е повеќе од десет пати поскапо. Од јули 2020 ќе биде 0,45, а од јули 2021 0,20 евра. Веќе има еден договор за роаминг од 2014, но тој е склучен само помеѓу четири земји. Албанија и Косово не се вклучени. Ако сакаме да бидеме кохерентни и да работиме на регионален пристап, важно е партнерите да покажат дека имаат иста волја. Затоа почнавме работа за нов регионален договор за роаминг, идејата е да се потпише на 4 и 5 април на самитот во Белград“ Вели Габриел.
Таа додава дека ако се склучи овој регионален договор, намалувањето на цените ќе стапи на сила од јули 2019, помеѓу регионот и ЕУ.
Условот е ЕУ да може да работи со целиот регион.
Comments are closed for this post.