Од денеска нема повеќе онлајн уплати во домашните кладилници. Истече рокот на уредбата со која обложувалниците во изминатите шест месеци организираа онлајн кладење. Бараат владата да овозможи и во следниот период да може љубителите на овие игри на среќа да уплаќаат преку компјутер, во спротивно предупредуваат дека државата ризикува да изгуби 100 милиони евра во буџетот, пари кои во моментов се неопходни. Според нивните пресметки од мај до декември преку онлајн уплатите во државната каса влегле близу 2 милиони евра, а обложувалниците биле растоварени од гужва.
Инаку кладилниците со почетокот на пандемијата беа први кои ставија клуч на врата но и први ги отворија вратите. Иако имаат загуби во работењето сепак велат дека успеале да ги задржат сите вработени. Во казината и кладилниците работат околу 12 илјади работници.
Comments are closed for this post.