Обврските кои ги имаше ВМРО ДПМНЕ се исполнети, предадени се контактите, и договорени се средбите после кои Владата треба да изменаџира за количини на гас и мазут, брифираат од партијата.
-После речиси два часа состанок можам да кажам дека како што бев загрижен пред состанокот истата загриженост ја споделувам и сега веднаш после состанокот. Мислам дека во периодот кој што следи е потребно силно да работиме, да ги надминеме сите проблеми кои очигледно ќе ни се случуваат бидејќи она првично сценарио кое како претпоставка сите ние го имаме, а тоа е да ни бидат функционални трите блока во РЕК Битола, едниот блок во РЕК Осломеј, двете турбини во Неготино, вклучително и добрата кондиција на хидропотенцијалот, зајакнати со ТЕ-ТО Скопје, во суштина е тешко да се реализира, истакна вчера после средбата во Владата лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Ние сме подготвени да ги ставиме на располагање сите позиции со кои што располагаме, од страна на Димитар Ковачевски лице за контакт беше одреден министерот за економија, Крешник Бектеши. Веднаш после оваа средба ќе ги контактираме нашите позиции, ќе ги пренесеме контактите до министерот Крешник Бектеши и од тој момент понатаму очекуваме оваа неизвесност во која што во моментов се наоѓа Македонија, граѓаните и стопанството да се ублажи. Односно да обезбедиме евтин ресурс со кој што ќе можеме да обезбедиме евтина струја односно поевтина од таа што е на берзите, а со што ќе им помогнеме на граѓаните, на стопанството и на државата, истакна Мицкоски.
Comments are closed for this post.