Министерот за економија Крешник Бектеши денеска соопшти дека се објавени седум јавни повици за поддршка на компаниите кои беа најпогодените сектори. За оваа намена ќе се потрошат 17, 8 милиони евра,а ќе се распределат на 10.000 компании со 60.000 вработени.
Јавни повици има за естрадни уметници и туристички водичи, кои оствариле месечен приход до 15.000 денари кои пак ќе добијат по 30.750 по лице.
Повик има и за организаторите на настани, игротеките, детски одморалишта, лиценцираните угостители – кабареа, ноќен бар, дискотеки. Потоа регистриран ресторани за свадба и за лиценцирани туристички агенции.
Министерот рече дека за сите основа за пресметка на поддршката се просечните месечни приходи во 2019 година. Висината ќе се пресметува како износ од 30 отсто од месечниот приход плус 15 200 по вработен со пресок со 31.12 2020. Кај туристичките агенции износот кој ќе биде пресметан за поддршка е остварен вкупен приход, број на вработени и вид на лиценца од 60.000 денари до 300.000 денари.
-Услови за враќање на парите се да немаат намален број на вработени. Оние кои до 31 декември ќе го намалат бројот на вработени ќе вратат 50 отсто од грантот. Ако го задржал бројот ќе вратат 20 отсто од грантот, а ако го зголемиле бројот на вработени нема да врати ништо – рече Бектеши.
Тој рече дека очекува наскоро економијата да се врати во нормала.
Повиците ќе се реализираат преку генералниот секретаријат на Владата.
Генералниот секретар на владата Мухамед Зеќири рече дека процесот ќе биде транспарентен, а ги повика и сите работодавци да аплицираат за да добијат поддршка.
Comments are closed for this post.