Европската централна банка го претстави новиот изглед на банкните во апоени од 100 и од 200 евра, коишто ќе бидат пуштени во промет на 28 мај 2019 година. По банкнотите од 5, 10, 20 и 50 евра, стотката и двестотката се последните две банкноти од „Европа“ серијата, со што се заокружува целата колекција.
Новите банкноти имаат подобра холограмска заштита од фалсификување и се потенки од досегашните банкноти. На врвот на сребрената нишка има холограм, којшто под директно светло прикажува мали симболи на еврото над цифрата. На банкнотата е прикажан портрет од Европа, архитектонски мотив и голем симбол на еврото.
Новите банкноти од 100 и од 200 евра, исто така, се со различна димензија во однос на досега употребуваните. И двете банкноти сега се со иста висина како и банкнотата од 50 евра, но затоа, пак, должината е иста како и на досегашните банкноти.
Comments are closed for this post.