Собранието ќе ја одложи примената на Законот за пазари. Со 57 гласа „за“ и 12 гласа „против“ денеска го усвои предлогот по скратена постапка да се донесе одлуката за да се одложи примената на Законот за трговија на зелени пазари, по скратена постапка.
Не се прифати предлогот на опозицијата – законот целосно да се повлече. Љупчо Димовски, од колицијата „За подобра Македонија“ обвини дека СДСМ наместо да го реши проблемот на пазарџиите, само го одложува.
Парламентарното мнозинство на чело со СДСМ, денеска уште еднаш покажа дека нема слух за проблемите и потребите на граѓаните. Свесни за штетниот закон кој што го донесоа, СДСМ во пресрет на изборите се одлучија да поднесат закон со кој се предвидува одложување на стапувањето на сила на законот после изборите, рече Димовски. СДСМ наместо да го реши проблемот на пазарџиите само го одложува. Со штетниот закон на СДСМ се воведуваат казни од 1500 до 2000 евра и се бркаат пензионерите и хонорарците од зелените пазари. Законот кој што го донесе СДСМ директно ќе удри на најмалку 20.000 граѓани кои што егзистираат продавајќи на зелените пазари.Власта мора веднаш да престане со хајката по луѓето од зелените пазари, казните со илјадници евра и понижувањето на оние кои чесно работат. Овој штетен закон мора да се укине, а не да се одложува, изјави Љупчо Димовски, пратеник од колицијата „За подобра Македонија“.
Земјоделците, пензионерите и сите пазарџии да бидат спокојни, ќе се најде решение со кое секој ќе може достоинствено и чесно да си заработи денар плус, но и решение кое ќе обезбеди начин за сузбивање на сивата економија, изјави денеска Костадин Ацески, пратеник од СДСм и коалицијата
СДСМ иницираше одложување на спроведувањето на измените, со цел да се овозможи време преку широк процес на консултации и дебата, да се дојде до заедничко решение. По усвојувањето на овие законски измени, како пратеничка група почнуваме процес на консултации со сите засегнати страни.
Институциите, продавачите и организаторите на пазарите неопходно е на заедничка маса да дискутираат како да се подобри организацијата на работата на пазарите и да се дојде до решение со кое ќе бидат заштитени сите засегнати страни.
Инаку пазарџиите не се согласуваат со предлогот за одложување на Законот за трговија на зелените пазари. Според нив овој закон е штетен и треба експресно да се укине, а не да се одложува неговата примена.
Обвинија дека со вака скроениот закон се фаворизираат прекупувачите од Кванташки пазар. Со законот се предвидува лиценци за пазарџиите кои треба да се платат , но и забрана за продавање од страна на пензионери и хонорарци.
Comments are closed for this post.