Вчера, парламентарното мнозинство предводено од СДСМ го одложи Законот за трговија на зелените пазари за една година. Тука сме, да се најде соодветно и достоинствено решение што ќе биде во интерес на сите, како на пазарџиите, така и на организаторите на пазарите, изјави претникот од СДСМ, Мухамед Зеќири кој денескасе сретна со пазарџиите на Бит Пазар.

Со одложувањето на Законот тој вели дека се отвора простор за дебата и консултации со цел да се дојде до заедничко решение како да се подобри организацијата на работата на пазарите, а истовремено да бидат заштитени сите засегнати страни.

Земјоделците, пензионерите и сите пазарџии да бидат спокојни, заедно ќе дојдеме до решение со кое ќе може чесно да се заработи денар повеќе, но ќе се обезбеди и решение за сузбивање на сивата економија, рече Зеќири.