Опозицијата во Собранието бара надзорна расправа за случајот Еуростандард банка. ВМРО-ДПМНЕ и Левица поднеле иницијатива за Утврдување на причините и извршувањето на законите во постапката за доведување до стечај на банката, до претседателот на Комисијата за финансирање и буџет, Тимчо Муцуски, кој е пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Муцунски за Фактор вели дека до него се уште не стигнала официјално иницијативата за надзорна расправа за овој случај, но факт е дека во пратеничката група на опозициската партија неа ја подготвувале подолг период наназад.
Јас според Деловникот на Собранието имам обврска ова барање да го ставам како прва точка на наредната седница на Комисијата за финансирање и буџет, на која прво треба да се разгледа барањето за надзорна расправа, а Комисијата потоа треба да одлучи дали ќе има или ќе нема расправа. Таа иницијатива се подготвува подолг период во нашата пратеничка група, а нашата цел е да ги викнеме сите субјекти и поединци за кои сметаме дека можат да ни помогнат да дојдеме до вистината за тоа што се случувало во работењето на Еуростандард банка, но и каква била функцијата и улогата на Народна банка на Македонија и на другите релевантни државни институции во овој процес. Целта на оваа надзорна расправа не ни е таа да биде лов на вештерки, туку дополнително да придонесеме во обезбедување на стабилноста на банкарскиот систем на земјава, објаснува Муцунски за Фактор.
Comments are closed for this post.