Она кое што имавме можност да го слушнеме од здружението „Гласен текстилец“ се проблемите со кои што се соочуваат текстилните работници и работнички. До 31 декември 2020 година повеќе од 7.000 текстилни работници останале без своето работно место и без егзистенција. Сето она кое што претставува предизвик во работењето можевме детално да го слушнеме. Ние како ВМРО-ДПМНЕ ќе бидеме гласни во Парламентот и во овој следен шести пакет помош мерки кои што треба да бидат исплатени ќе бараме и ќе инсистираме да барањата на текстилните работници посебно бидат вклучени во тој шести пакет, напиша на фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе инсистира барањата на текстилните работници да бидат вклучени во шестиот пакет мерки
Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.