Веќе скоро четири години инвеситори во државата скоро и да нема. Ветувањата на владата дека компании како Гугл и слични на нив ќе дојдат во земјава како инвеститори паднаа во вода. Според последините информации странски комании кои веќе инвестираше во државата почнале да го шират бизнисот со соседните земји без да ја разгледаат Македонија како нивна опција.

Дека состојбата со странските инвестиции во земјава е проблем зборува и критичката јавност и тие сметаат дека ваквата состојба се должи на неспособноста на власта да ги спроведе реформите, на огормната корупција и неследењето на светските економски текови заради создавање на поволни услови за привлекување на капитал.

Информациите дека странски компании кои веќе инвестирале во земјава наместо во Македонија го шират бизнисот посебно во соседна Србија ги потврди и Виктор Мизо претседател на Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство.

Некои од компаниите во Македонија наместо да реинвестираат тука направија реинвестиции во соседните земји, на пример имавме две инвестиции на „Адиент„ тука, таа отиде во Србија, „Кромберт и Шуберт“ отиде во Србија, „Аптив“ отиде во Србија и тоа е еден многу лош сигнал кога ќе видите дека компании кои се тука лоцирани , нивните реинвестирања, нивните нови проекти не ги прават тука , во вашата држава туку ги прават во други места , не успеавме да ги задржиме, кажа Мизо.

Економистите велат дека тоа што Македонија е прогласена за хибриден режим и последните податоци на Транспаренси интернешнл дека Македонија е најлошо рангиирана досега на индексот на корупција Ова рангирање е историски најлошо досега откако се мери во земјава, вели Слаѓана Тасева од македонското претставништво на Транспаренси интернешнл.

Ова е историски најлош резултат на индексот, до сега бевме најдолу на 107 и сега сме уште подолу, ова е прв пат откако Македонија се рангира, да имаме толку лошо рангирање, индексните поени 35 се исти како и лани. Апсолутно не бележиме никаков напредок, а многу е важно да се знае дека методологијата е заснована на истражувања не постари од две години“, вели Тасева.

Владата ветуваше дека ќе ги ги зголеми инвестициите но според сите информации и податоци дека Македонија е хибриден режим, нема владеење на правото додека корупцијата е на највисоко ново тешко дека државата во наредните години ќе биде перцепирна како поволна бизнис дестинација.