Статистичка анализа на количината на средства кои се издвојуваат како државна помош во периодот на корона-вирусот покажуваат дека помошта која владата на Република Македонија ја издвои е далеку од „блескава“.
Само Белорусија (земја која „не го признава корона вирусот“) има помал процент на издвоена државна помош од Македонија, споредено со бруто домашниот производ на земјите од 2019 година.
Белорусија одвоила 0,1%, Македонија 0,2%, а земјите од соседството, како споредба, ги имаат следните бројки: Албанија 1,3%, Косово 2,3%, Србија 11%, Грција 4,5%, Бугарија 3,5%.
Највисок процент одвојува Германија (30,6%), по која следат Британија (24,6%), Италија (20,4%), Шпанија (20%), Унгарија (19,6%) и Чешка (18%)
Comments are closed for this post.