Нема вакцини, нема економски оптимизам. Пропаднаа надежите на бизнисмените дека во првиот квартал ќе почне процесот на вакцинација и дека во втората половина од годината веќе земјава ќе бележи раст.
За годинава проекциите беа дека растот ќе изнесува над 4%. Експерите велат дека е време прогнозите да се спуштат надолу заради неизвесната вакцинација.
Минатата година земјава беше во рецесија. Но, состојбата почна да се стабилизира во последните три месеци од 2020, кога падот изнесуваше само 0,7%.
Минатата година земјава ја заврши со пад на економијата од 4,5%. Само во првиот квартал беше забележан незначителен раст од 0.2%. Трите останати квартали беа во негатива, а во вториот квартал падот изнесуваше близу 13%.
Comments are closed for this post.