Фејсбук статус на Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“ :
Од март месец, (уствари 4 години наназад, но ајде за тоа другпат) збориме, пишуваме, молиме, немојте да се потпишувате на ништо, особено не на спогодбени откази. Луѓе, никој не може на сила да ве натера на ништо. Да, ок, приватна фирма, но нека даде отказ од деловни причини, ви исплатат опремнина и чао.
Не спогодбени откази, ваши изјави и потписи.
Барем во тој момент кога ви најавиле и ви даваат да потпишувате, јавете ни, пишете ни, веднаш ќе се реагира како знаеме и умееме. Како сега да помогнеме? Како да докажеме дека не сте сакале, а сте морале? Никој ништо не мора. Ве тераат на спогодбен отказ оти имате договор на неопределено и не можат поинаку да ве отпуштат а да не исплатат што ве следува по закон. Утре ќе потпишете документ каде го отстапувате куќата, станот, извадете кредит за некој, не смеете така!
Значи не потпишувајте, штетата е ваша! Не ве следува надомест од АВРМ, не ве следува опремнина, ништо! Апсолутно ништо!
Comments are closed for this post.