Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека ако епидемиолошката состојба бележи намалување на трендот ќе бидат објавени протоколи за работа на рестораните за свадби.
-Ние имаме разговарано повеќе пати во однос на отворање на динамиката на економијата, а имајќи во предвид дека тие целосно затворени и дека работат врз основа на резервации и граѓаните треба да знаат дали ќе имаат можност за да организираат веселби свадби и слично. Се разговара и со министерството за здравство и министрите од економскиот сектор, крајниот збор ќе го каже Комисијата за заразни болести. Ние не сме најавиле дека сега во овој момент ќе ги отвориме, но секако тоа ќе се разгледа во зависност од тоа дали епидемиолошката состојба ќе биде како сега. И тогаш согласно протоколи кои ќе бидат објавени на крајот на мај и почетокот на јуни, изјави Бектеши
Comments are closed for this post.