Оние газди кои ќе го прекршат законот и ќе работат во недела незаконски, ќе добијат клуч на врата од 15 дена“, рече министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска во гостување на Телма.

Според неа, во нацрт верзијата на измените на Законот за работни односи, во членот 134, точно се регулира недела како ден за одмор, а таму се предвидуваат и мерките и прекршочните санкции, согласно со Законот за прекршоци.

Покрај санкциите за парична казна, и кога на една фирма, ќе и се забрани да работи 15 дена на некој начин ќе значи опомена да не се случи слично кршење на законот следен пат.

И во колективниот договор и во досегашниот закон, во членот 106 се предвидени надоместоците на плата за работа во дежурства, ноќна работа, прекувремена работа, клучително и ден на работа во неделен одмор“, вели таа.

Од друга страна пак, за претставничката на ВМРО ДПМНЕ во дебатата на истата телевизија, Благица Ласовска, измените кои се предвидуваат во Законот за работни односи се популистички.

Според неа, ова законско решение нема да опфати над 30 стопански гранки, односно тие нема да видат никаков бенефит од законот, иако, како што рече, за волја на вистината, законот е во ред и голем дел од работниците во земјава заслужуваат еден неработен ден во седмицата.