Министерството за финансии во следниот период најавува интензивирање на кампањата за финансиска едукација.
Според министерот за финансии, Драган Тевдовски, финансиската писменост и познавањето на финансиските услуги и производи е предуслов за носење правилни финансиски и инвестициски одлуки.
Од Министерството за финансии информираат дека училиштата и факултетите можат да закажат посета и предавања за финансиска едукација преку е-мејл адресата edukacija@finance.gov.mk.
Во рамки на Глобалната недела на парите, Министерството за финансии има организирано повеќе посети и предавања на основни и средни училишта.
Comments are closed for this post.