Ќе доцни регистрацијата на возила со странски таблички, чии сопственици за двојно пониски трошоци ќе можат да ги пререгистрираат кај нас. Законот стапи на сила од 11 јануари, но надлежните увидоа дека за да може да се применува, ќе треба да се донесе и нов Правилник.
Токму во одредени членови од Законот е предвидено да се донесат соодветни правилници, а вчера Министерството за економија го донесе правилникот за Поединечно одобрување на возилата. Сега Бирото за методологија и другите институции како што е Царинската управа може слободно да почнат со регистрација на возилата кои се предвидени со последното законско решение, рече Бектеши.
Иако најавен, Правилникот се уште не е објавен во Службен весник. Се чека мислење од Секретаријатот за законодовство, кое најверојатно ќе стигне утре. Потоа треба да се објави и во Службен весник. Сопствениците кои возат со странски таблички, лути – велат дека се заглавени кај царинските служби и не можат да ги царинат возилата, и покрај тоа што ги платиле сите давачки до царина. За истите возила од сообраќајната полиција се изрекува казна од 500 евра за изминат технички преглед од државата од која доаѓаат, а истовремено од надлежните во царина им е кажано дека возилата не смеат да ја напуштат државата, ако сакаат да ги царинат по новиот закон, реагираат до Сител група на сопственици на возила увезени од странство.
Во законот е предвидено автомобилите влезени во државата пред 1 октомври коиимаат доказ за потеклото, сопстеноста, техничката исправност, ги исполнуваат еколошките стандарди, однсно се со над еуро 4, ќе можат да се регистрираат и да се возат со македонски табличи со 50% пониски давачки.
Колку автомобили со странски, пред се бугарски таблички се возат кај нас, официјална бројка нема. Најголем дел од нив ги возат граѓаните кои имаат бугарски пасош. Поради високите давачки кај нас, одлучуваат секоја година да ги регистрираат во Бугарија.
Таму во просек, за возила старо од 10 до 15 години плаќаат по 140 евра. Добиваат и бесплатен зелен картон. Кај нас, техничкиот преглед чини околу 4,500 денари, осигурувањето 6.000 и 5,400 зелениот картон. Се плаќа и еколошка таска од 3,000 и нови таблички со сообраќајна 1,500 денари.
Давачките за увоз се царина 5%, ДДВ 18% и акциза. Според пресметките, за автомобил вреден околу 5,000 евра, сопствениците ќе треба да платат околу 2,000 евра, за да го возат со македонски таблички. Со новиот закон, им се дава можност да платат 50% помалку, однсно ќе ги чини околу 1,000 евра. Со ваквата мерка, која ќе трае една години, се очекува во буџетот да се соберат над 20 милиони евра.
Comments are closed for this post.