Кинеската компанија „Алибаба“ ја  купи „Инфинити Огментед Риалити“, израелска старт-уп  компанија за виртуелна реалност, соопшти компанијата.

Условите за продажба не се објавени.

Двете компании имаат стратешко партнерство од 2016 година, бидејќи соработуваа на проекти за витжртуелна  реалност, компјутерска визија и вештачка интелигенција, пренесува „Тек Кранч“.

Старт-уп  компанијата „Инфинити Огментед Риалити“ е основана во 2013 година, произведува очила за т.н. витуелна реалност кои се користат од страна на програмерите во голем број на индустрии како би ја  интегрирале витуелната реалност во своите апликации.

Витуелната  реалност додава дигитални елементи во живо, најчесто со помош на камера на паметен телефон, додека виртуелната реалност подразбира виртуелно искуство без допир на  реалноста.