КБ Прво пензиско друштво АД Скопје , кое беше формирано со стартот на пензиската реформа во државата, речиси една ипол деценија управува со парите на нивните членови кои се издвојуваат од нивната бруто плата или самостојно за посигурни пензионерски денови.
Притоа, КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд, кој работи во рамки на вториот пензиски столб и во кој средства за идна пензија се издвојуваат од бруто плата, со парите на своето членство управува веќе 14 години, додека КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд 10 години управува со парите кои се одвојуваат на доброволна основа за да се обезбеди поголема пензија.
Средствата со кои управуваат фондовите се вложуваат се со цел да се оствари принос за членовите и секогаш на прво место е интересот на членовите. Остварениот принос директно се распределува на нивните индивидуални, доброволни индивидуални и/или професионални сметки.
Портфолијата на пензиските фондови се диверзифицирани и содржат државни обврзници, депозити, акции во успешни домашни компании, акции во најпознатите светски компании преку инвестиции во удели од инвестициски фондови и друго.
Кб Прв отворен задолжителен пензиски фонд, според податоците од МАПАС, има остварено приноси кои се далеку поповолни од банкарските депозити.
Средствата од задолжителниот пензиски фонд секој осигуреник има можност да ги повлекува преку програмирани повлекувања или комбинирано откако ќе ги исполни условите за пензионирање според годините на старост и 15 години работен стаж. Можноста за исплата преку месечни ануитети ќе биде достапна по лиценцирање на друштва за осигурување. Во случај ако осигуреник не го исполнува условот за пензиски стаж ќе може со наполнети 65 години старост да ги подигне средствата под услови уредени со закон. Во случај на смрт на осигуреникот, средствата се наследни.
Последниве години сé повеќе расте свеста и интересот за штедење на доброволна основа, односно за одвојување дополнителни средства за посигурна старост. Ова особено станува сé поактуелно поради фактот дека многу млади денес работат преку интернет, па издвојувањето средства на сопствена сметка може да им обезбеди сигурност во староста.
Во третиот столб може да издвојуваат и компании или здруженија на граѓаните кои преку професионални пензиски шеми можат да организираат и финансираат дополнително пензиско осигурување за своите вработени, односно членови, што е вообичаена практикa во многу европски земји.
Условите за стекнување право на пензиски надоместок и начинот на исплата на пензискиот надоместок од третиот столб можат да се повлечат најрано десет години пред возраста за стекнување право на старосна пензија, што во моментов би значело најрано на возраст од 54 години за мажи, односно 52 години за жени. Средствата може да се исплатат со еднократна или повеќекратна исплата, како пензиски ануитет, со програмирани повлекувања обезбедени од друштвото кое управува со доброволен пензиски фонд, или со комбинација од овие опции.
Comments are closed for this post.