Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев денеска истакна дека задоволството е огромно што проблемот со лозарите е решен, пред се за неколкуте општини од Тиквешијата и градоначалниците, како и за сите јавни институции кои ги застапуваат граѓаните.
– Веќе имаше гнев поради неплатени обврски кон лозарите повеќе од четири години. Добро е што ова сега се реши во така брз период, што за мене претставува гордост. Сите кои учествуваа во овој процес напорно работеа како за свои пари, за да може да се обесштетат лозарите. Добро е кога сите сме задоволни-нагласи Јанчев
Comments are closed for this post.