За да им бидат отпишани долговите по однос на камати за неплатени долгови, согласно законот за репрограмирање на долговите, граѓаните ќе треба самите да се обратат кај компаниите коишто се побарувачи.
Во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат, Премтим Ќерими, во име на Комората на извршители оценува дека таквиот начин би бил тешко остварлив, ако секој должник треба самиот да поднесува барање до доверителите, кои потоа ќе треба да прават пресметки за секого поединечно. Тој нагласува дека извршителите треба да добијат поголема слобода бидејќи тие најдобро знаат како да профункционира законот.
Мислам дека ова што се предвидува со најавата за новиот закон, дека самиот должник треба да биде дел од целата оваа постапка мислам дека не е добро. Треба да биде по сила на закон. Јавните претпријатија нема да бидат во можност да одговорат на потребите и условите коишто се предвидени во законот, зборувам за јавните претпријатија. Треба да им се даде малку слобода на извршителите бидејќи тие знаат како е најдобро да профункционира овој закон, вели Ќерими.
Comments are closed for this post.