Истанбул најатрактивна дестинација за новогодишната ноќ

29.12.2019 / 19:16


Истанбул е градот каде што поголем дел македонски граѓани годинава сакаат да ја поминат новогодишната ноќ, но во нивниот избор не заостануваат ниту главните градови од соседните држави. Од европските метрополи има интерес за Виена и за Милано, а од подалечните дестинации атрактивен е Дубаи.

Се нудат аранжмани и за Лапонија, во кои е вклучена екскурзија до селото на Дедо Мраз, посета на поштата каде што може да се испрати писмо со желби за следната година, посета на „Санта парк“, на шумата на троловите, фармата за елени и арктичката зоолошка градина Рануа.

Во туристичките агенции може да се најдат аранжмани за три и четири ноќевања за Истанбул со авионски и автобуски превоз. Цените почнуваат од 120 евра по лице за хотелско сместување со автобуски превоз и од 220 евра со авионски превоз. Дочекот на Новата година е на плоштад, а за прослава во рестораните и хотелите се доплаќа. Некои агенции нудат можност и за дочек на брод.

– За Нова година најмногу се бара Истанбул. Македонските граѓани сакаат да одат во Истанбул. За таму има голем интерес. Најголем интерес има за поевтините аранжмани, кои се продават бргу, додека за поскапите аранжмани интересот е помал – велат од туристичката агенција „Магелан“.

Од соседните држави има интерес за прослава на Новата година во Софија и во Атина. Аранжманите за Софија се движат од 80 евра нагоре, а за Атина околу 100 евра со вклучен автобуски превоз и хотелско сместување.

Од јадранската ривиера и годинава, како и лани, атрактивна е Будва, за каде што граѓаните ќе треба да платат по околу 90 евра доколку сакаат да се сместат во хотел и околу 60 евра за приватно сместување.

Од европските градови интересни се Виена и Милано. За Виена аранжманите со автобус почнуваат од 150 евра за две ноќевања, а за Милано околу 200 евра за три ноќевања.

Во сите овие градови дочекот на новогодишната ноќ е на плоштадите, а дополнително се доплаќа доколку некој сака новогодишната ноќ да ја помине во ресторан или хотел.

Туристичките агенции со коишто контактираше МИА, информираат дека годинава има интерес и за Кипар, за каде што од семејниот буџет треба да се одвојат минимум 400 евра за авионски превоз, полупансион и сместување во хотел со три ѕвездички. Дополнително се доплаќа новогодишната вечера, а цените за неа почнуваат од 50 евра.

– Интерес има за Будва, Солун и за Истанбул како поевтини аранжмани. Од авионските понуди интересни се Кипар и Дубаи – велат од туристичката агенција „Пет“.

Од подалечните дестинации агенциите ги нудат и Москва и Санкт Петербург, каде што за седум ноќевања со авионски превоз преку Белград и хотелско сместување треба да се плати околу 800 евра по лице, а оние кои сакаат да го видат Дедо Мраз и да отпатуваат во Лапонија ќе треба да платат околу 1.500 евра за пет ноќевања и хотелско сместување.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Економија

Мицкоски: Владините политики за раст на економија ги дадоа резултатите, по години на застој прв пат имаме реален раст на БДП од 3,5%

пред 1 час
Економија

Бислимовски: Последното зголемување на цената на струјата не можеше да се избегне

пред 1 нед.
Економија

Мицкоски до Филипче: Тоа што вие го оставивте како Влада во енергетскиот сектор катаклизма е комплимент

пред 2 недели
Економија

Мицкоски најави нова инвестиција во енергетиката

пред 2 недели
Економија

Николоски: Со сложени инженерски зафати кои првпат се користат во регионот, ќе го доизградиме автопатот Охрид – Кичево

пред 2 недели
Економија

Дијаспората во родната грутка испратила 310 милиони евра

пред 3 недели
Економија

Пари во буџетот има, смирува Мицкоски

пред 3 недели
Економија

WIZI Такси и Наше Такси ги здружуваат силите во Скопје

пред 3 недели
Економија

Мицкоски: Не реков дека на 15 декември ќе се затвори трезорот, К-15 во државните институции ќе има

пред 3 недели
Економија

Дополнетиот Предлог-буџет на пленарна седница

пред 4 недели