Државниот инспекторат за животна средина направи контроли во Струмица и Куманово и откри десет нелегални отпади, по што им изрече парични казни на граѓаните кои ги создале и ги задолжи да ги расчистат депониите.
Станува збор за приватно земјиште на кое тие собирале отпаден метал од електрична и електронска опрема, како и автомобилски школки.
„Во Струмица е спроведена опсежна акција на осум локации од страна на државен инспектор за животна средина, инспектор по економски криминал од МВР, комунален инспектор и овластен инспектор за животна средина во Општина Струмица и по утврдување на незаконско собирање, складирање и селектирање на отпад на приватно земјиште, изречени се соодветни санкции. Во Куманово надзорот е извршен од страна на државен и овластен општински инспектор и казнети се две физички лица“,
велат од Државниот инспекторат.
Оттаму најавуваат дека ваквите акции ќе продолжат во сите општини во кои на незаконски начин се постапува со отпад.
Comments are closed for this post.