Хидросистемот „Злетовица” за водоснабдување во земјава почна да работи рентабилно, вели директорот Миле Илиевски, додавајќи дека Свети Николе и Пробиштип кои ја примаат испорачаната вода редовно ги наплаќааат долговите.
„Месечно, двете општини заедно плаќаат од 1.200.000 до 1.300.000 денари што е доволно за покривање на нашите трошоци, така што работиме без загуба. Наплатата на Свети Николе изнесува 200 отсто, а на Пробиштип 100 отсто, вели Илиевски.
Тој додава дека двете општини на ХС „Злетовица” должат околу 21 милион денари, од коишто 15 милиони припаѓаат на Свети Николе, а шест милиониот на Пробиштип.
Илиевски е оптимист дека од наредната година ќе почне и реализацијата на втората и третата фаза од ХС „Злетовица”, односно изградба на систем за наводнување на над 4.000 хектари земјоделско земјиште во општините Пробиштип и Кратово, како и изградба на хидроцентрали, од кои три поголеми, а исто толку и помали хидроцентрали за производство на електрична енергија.
Comments are closed for this post.