Планот за реорганизација на ФЕНИ Индустри е дополнет според барањата на судот и е доставен на повторно разгледување. Планот, исто така, доби позитивни препораки од одборот на доверители на ФЕНИ АД во стечај и од стечајниот управник. Сето тоа е направено според законските барања и во најкус временски период со цел што побрзо и административно да се заврши стечајната постапка и да започне процесот на инвестирање во зголемување на производството и обезбедување на иднината на ФЕНИ, соопшти ГСОЛ/Еуроникел.
Со ова, се додава во соопштението, уште еднаш се потврдуваат намерите на ГСОЛ/ Еуроникел за спас на ФЕНИ преку зголемување на производните капацитети и отворање нови пазарни можности на глобално ниво.
ГСОЛ/ Еуроникел е единствениот инвеститор којшто предложи успешно спасување на ФЕНИ преку реорганизација. Планот беше прифатен од страна на Одборот на доверители уште во месец јуни, последователно усвоен од Собранието на доверители. Беше вратен за прилично технички корекции, и сега повторно е доставен до судот, по што се чека конечната судска одлука. Според доверителите ова е позитивен план кој ветува резултати, нагласуваат од ГСОЛ/ Еуроникел.
ПретходноТранспаренси Интернешнл Македонија информираше дека Апелацискиот суд Скопје на 1 октомври годинава донесе Решение со кое се укинува решението на Основниот суд Велес од 9 јули годинава со кое го одобри предложениот План за реорганизација на ФЕНИ Индустри АД Кавадарци во стечај, доставен од доверителот Глобал Спешал Опортјунитиес ЛТД со седиште Дилејни Корп (Бахамите) и предметот се враќа пред првостепениот суд на повторно постапување и одлучување.
Транспаренси Интернешнел Македонија во повеќе наврати укажуваше на неправилностите во стечајната постапка што се води за ФЕНИ Индустри АД Кавадарци во стечај. Поради високиот јавен интерес и интересот на граѓаните на Република Македонија ТИ Македонија и понатаму со внимание ќе го следи текот на стечајната постапка за ФЕНИ Индустри АД Кавадарци во стечај се до нејзиното завршување, се вели во соопштението од ТИМ.
Comments are closed for this post.