Постои голема шанса светската економија влезе во рецесија оваа година, вели добитникот на Нобеловата награда Пол Кругман.
Мислам дека има прилично добри изгледи дека ќе имаме рецесија кон крајот на оваа година (или следната година). Главниот проблем секогаш е дека немаме ефикасен одговор ако работите забават. Еврозоната сега е место кое е навистина многу близу до рецесија, рече Кругман на Светскиот самит во Дубаи.
Европската комисија на крајот на минатата недела ги намали прогнозите на економскиот раст на еврозоната за 2019 и 2020 година. ЕК соопшти дека растот на еврозоната ќе забави на 1,3% оваа година и дека во 2020 година ќе забележи раст од 1, 6%. Прогнозите се помалку оптимистички од претходните прогнози на ЕК , објавени во ноември , кога Брисел очекуваше дека оваа година евроозната ќе порасне за 1,9% , а 2020 за 1,7 %.
Аналитичарите се загрижени за изгледите за сериозна економска криза во наредните месеци, со оглед на долготрајната трговска војна меѓу САД и Кина, која влијае врз деловното и потрошувачкото расположение. Повеќето економисти, како светската деловна елита, се согласуваат дека економскиот раст забавува, но креаторите на политиката се надеваат на мал пад на растот, а не целосна рецесија.
Comments are closed for this post.