Дури пет фирми, од кои секоја има помалку од 15 вработени лица, успеале да направат профити поголеми од 5 милиони евра. Заеднички именител на сите пет им е трговијата, а на три трговијата со струја. Неприкосновена лани е албанската фирма за трговија со струја „ЕТМТ Енерџи“ која имаше „топла врска“ со ЕСМ и му продаваше, а и купуваше струја од државната компанија…Заработи чисти 15 милиони евра, пишува Фактор.мк.
Дали сепак Македонија е „Ел Дорадо“ за некои бизнис-специјалисти? Ова прашање е логично да си го постави секој што и малку разбира основи на пазарна економија и економија на обем.
Некој вработува стотици или илјади луѓе, ангажира логистика, произведува или пакува, со обрти во милиони или стотина милиони евра за на крај да „книжи“ добивка од 4,5,8 или 10 отсто и да биде среќен.
Но има и такви кои со еден, една рака или една дузина вработени можат да направат профити кои се мерат во милиони евра.
Е Македонија, по критериумите: профит над 5 милиони евра на приход од над 10 милиони евра со помалку од 15 вработени има ранг листа на која има пет компании.
И за да дадеме одговор на насловот на овој текст ќе појасниме: едноставно , се занимава со трговија со струја. Тука е основно да знаеш пред време кога некој голем ќе набави голема количина на струја. Секако доколку имаш портфолио во кое таа количина можеш да ја вкалкулираш и особено ако на време си закупил генератор по фиксна цена, а струјата ја продаваш по „аздисана“ берзанска цена.
Е тогаш „и во зима за тебе нема зима“. Па имаме ситуација во која фирма со само еден вработен може да направи добивка од 15 милиони евра на приход од 215,6 милиони евра. Навистина многу работа за само еден човек!
Послаб резултат со повеќе вработени, дури 14 , постигнала уште една фирма за сбандување со струја. Тоа е ЕВН Електроснабдување, дел од групата ЕВН Македонија. Ова друштво лани остварило приход од 204 милиони евра и од тоа како добивка има 8,9 милиони евра.
И на оваа листа уште една фирма која тргува со енергенси – РКМ. Овие се специјалисти за мазут, а со ЕТМТ Енерџи ги врзува еден заеднички именител. Тоа е државната енергетска компанија ЕСМ. РКМ лани беше многу актуелен во јавноста како снабдувач со мазут на ТЕЦ Неготино, а за тоа плаќаше ЕСМ. РКМ лани со 7 вработени има приход од 111 милиони евра и оствари профит од 6,2 милиони евра.
И уште една трговска фирма е на листата на најефикасните според продуктивноста на вработените кога таа се мери низ остварениот профит. Станува збор за македонската филијала на гигантот „Кнауф“. Оваа фирма со 12 вработени лани остварила приход од продажба на производи на овој германски гигант во вредност од 34,8 милиони евра и остварила добивка од 5,9 милиони евра.
Во петорката најпродуктивни уште една фирма за трговија со струја. Тоа е снабдувачот, компанијата за трговија со струја „Дуферко МК“. Има само еден вработен.
Ова друшто лани остварило приход од 112 милиони евра и добивка од 5,2 милиони евра.
Comments are closed for this post.