Денеска „Еуромакс Ресоурцес“ поднесе тужба до Управниот суд против Решението донесено од Второстепената државната комисија (бр. 0810-102) од 5 септември 2019 година со кое се одбива жалбата на Еуромакс.
Ние сме уверени во правната позиција на Еуромакс Ресоурцес, и остануваме целосно посветени на развојот на Проектот. Се надеваме дека Управниот суд при разгледувањето на поднесената тужба ќе го поддржи владеењето на правото. Развојот на Проектот Иловица-Штука ќе овозможи значајна корист за локалната заедница како и за економијата на целата државата. Веруваме дека постои начин да се поддржи развојот на Проектот, со што би и се овозможило на Компанијата да управува со безбеден рудник согласно најдобрите светски практики. При тоа, развојот на Проектот ќе отвори многу работни места за локалната заедница и ќе донесе бројни локални инвестиции, вели Варшан Гокул, Претседател и Извршен директор на „Еуромакс Ресоурцес“ .
Досега, Еуромакс има инвестирано над 50 милиони евра во истражувањето и дефинирањето на Проектот Иловица-Штука. Она што е пред нас, не е одлуката дали тука треба да има рудник, туку кој ќе управува со него. Со почитување на принципот на владеењето на правото постои можност да се продолжи со развој на Проектот и со тоа да се покаже на меѓународната заедница дека во државата владее пријателска клима за поттикнување странски инвестиции“.
Comments are closed for this post.