Државата преку јавните претпријатија должи 300 милиони евра на приватни фирми. Државата со неплаќањето на своите долгови кон фирмите предизвикува намалена моќност на стопанството, бидејќи истото извршило промет, свртело средства, платило даноци, а не може да се наплати. И така се генерираат загуби, од кои страдаат како фирмите така и вработените во истите, е заклучокот од дебатата помеѓу Елена Милевска Штрбевска од Стопанската Комора и Благоја Грозданов од ССК во емисијата „Бизнис поенти“ на телевизија Алфа.
Со ваквото неплаќање се загрозува ликвидноста на фирмите, што е особено проблем во времиња на намалена економска активност, како што е во изминативе месеци поради корона кризата, и со тоа може многу лесно некои фирми да пропаднат.
Прво да кажам дека долгот не се однесува само на јавните претпријатија туку и на сите субјекти од јавниот сектор, а она што можам да го потврдам со сигурност е дека постои проблем на неможност за наплата на парични побарувања на субјектите од приватниот сектор, а должник од другата страна се субјекти од државниот сектор. Ние како Стопанска комора на Македонија како целокупна информација за вкупниот износ на долгот кој должи према кој должи не е благодарно да изнесуваме но она што знаеме е дека не се должи на една или две компнаии и не должат еден или два субјекти од јавниот сектор туку тоа е една состојба која постои кај повеќе субјекти и на целата територија на државата. Секако тоа не значи дека сите субјекти од јавниот сектор не ги ислаќаат своите побарување према своите доверители, но ова е проблем кој што трае неколку години и токму заради оваа причина ние како комора во повеќе наврати сме реагирале со конкретни иницијативи, една од нив беше донесувањето на законот за финансиска дисциплина и како иницијатива е почната од 2010 година и кога законот се донесе 3-4 години подоцна, а сеуште актуелна иницијатива за измена на член 218 од законот за извршување кој што цениме дека претставува реален проблем кој што го кочи процесот на остварување на правата на субјектите во извршната постапка и ефикасна наплата на нивните побарувања, изјави Елена Милевска Штрбевска од Стопанска Комора на Република Македонија.
Наспроти неа пак Благоја Грозданов од ССК вели дека јавниот долг создава огромен притисок по вертикала надоле кон останатите стопански субјекти.
Вкупниот долг кој е јавно објавен е отприлика 300 милиона евра што е значителна сума, збориме за вкупен долг на јавни претпријатија, локални претпријатија, општини што е значителна сума и создава огромен притисок по вертикала надоле кон останатите стопански субјекти. Сметате на тоа дека стопанството извршило промет кон овие државни претпријатија извршило промет, стопанството си ги платило своите даноци, а сега не може да изврши наплата, а голем дел од оваа сума е долг кон стопанството. Сега и оној дел кој не е долг на стопанството индиректно има големи импликации врз реалниот сектор затоа што дел од овој долг се и даноци, тука има последица врз буџетот, а потоа па буџетот односно институциите надлежни за собирање на даноци чувствуваат притисок да ја надополнат сумата односно да извршат пополнување на дупките кои што настанале заради што јавните претпријатија и субјектите во сопственост на Владата не ги платиле своите даноци и тој притисок се манифестира по линија на помал отпор врз стопанството. Трет вид на дол кој може да го имаат е кон физичките лица, повторно импликации тука има врз стопанството бидејќи се намалува куповната моќ на населението и крајниот ефект секогаш доаѓа во реалниот сектор. Државата треба да настапува како што секој добар стопанственик настапува и да се грижи за да се одржи ликвидноста и профитабилноста на тие претпријатија, вели тој.
Comments are closed for this post.