Соголување на цели планини, уништување на сто годишна дабова и букова шума, голема материјална штета. Ова се негативните ефекти од нелегалната сеча на повеќе локации низ земјава, проблем кој тешко се сузбива и покрај разно разните акции во минатото. Според надлежните инстуиции, најмногу дива сеча има во југо западниот дел на земјава, каде шумската полиција и била најактивна изминатиов период.
Најмногу дрвокрадци откривме во југозападниот дел од земјава, таму веќе сторителите се познати, со кривични пријави, запленети се над 1000 метри кубни дрва, а штетата е огромна, но тоа го оставаме на јавното обвинителство“ изјави Зоран Ѓоргиев, директор на јавно претпријатие Македонски шуми.
Досегашните мобилни екипи во соработка со внатрешна контрола при МВР даваат добри ефекти во лов и запирање на дивата сеча, а со најавеното зголемување на бројот на мобилните екипи директорот на Македонски шуми очекува и поголеми резултати во фаќањето на дрво крадците.
Инаку, дел од граѓаните се уште немаат добиено огревно дрво, иако грејната сезона почна пред десетина дена. Од Македонски шуми уверуваат дека за десетина дена ќе им биде испорачани преостанатите количини и со тоа целосно ќе биде завршена доставата до сите оние кои го порачале за оваа грејна сезона.
„Доставата е 90 проценти завршена, останати се неколку подружници. Се надевам дека за седум до десет дена ќе бидат завршени“ изјави, Зоран Ѓорѓиев, Македонски шуми
Најмногу нарачки за огревно дрво има во Скопје. Во главниот град околу 100 илјади граѓани користат огревно дрво за загревање. Повикот за пријавување за огревно дрво беше објавен лани во декември и траеше до 31 март. Во овој период сите кои го користат имаа обврска да поднесат барање. Еден метар квадратен даб чини 2780 денари, а метар квадратен бука е 2.680 денари. Според статистиката во Македонија над 200 илјади домаѓинства се грејат на дрва.
Инаку на денешната средба Министерството за земјоделство, Македонски шуми и Националното здружение на приватните сопственици на шуми потпишаа меморандум за соработка со кој ќе се промовира одржливо управување, менаџирање и трајно зголемување на шумскиот фонд.
Министерството за земјдоелство најави дека во следните години ќе се зголеми финансиската поддршка за унапредување на шумскиот фонд.
Comments are closed for this post.