Примената на енергетската ефикасност во домовите на едно домаќинство може да ги намали трошоците до 40 проценти, а домаќинствата имаат можност и за заштеда до 20 проценти од инвестицијата преку кредитна линија на ЕБОР што се пласира преку Шпаркасе банка во Македонија.
Шпаркасе банка Македонија секогаш се стреми да понуди иновативни производи и пакети услуги на своите клиенти. Како општествено одговорна компанија нашата заложба е да ги направиме подостапни технологиите за енергетска ефиаксност и во таа насока банката има еко кредит што нуди поволни можности за финансирање, а во соработка со нашите вендори и целосно заокружен процес од проектирање и инсталирање, изјави Викторија Јовановска директор на сектор за физички лица во Шпаркасе банка на денешното одбележување на Светскиот ден на енергетската ефикасност.
Еко кредитите, како што појасни, се до 50 илјади евра вредност, со рок на отплата до 20 и грант до 20 проценти.
Примената на енегетската ефикасност кај домувањето, според Игор Панчевски од ГЕФ програмата на ЕБОР, има огромни придобивки како економски, така и еколошки, особено со проблемот на загадувањето, каде енергетската ефикасност може да има огромно влијание во намалување.
Нашите пресметки прикажуваат дека доколку едно семејство инвесетира во солидни мерки за енергетска ефикасност, заштедите можат да бидат дури до 40 отсто, а домаќинството ќе си го задржи конфорот на живеење, истакна Панчевски, кој додаде дека во програмата има над 4.000 производи што се високо ефикасни и граѓаните може да ги изберат за нивните домови.
Илија Ќироски од ЕВН, еден од организаторите на одбележувањето на Светскиот ден на енергетската ефикасност, рече дека компанијата од влезот на пазарот во земјава спроведува активности поврзани со енергетската ефикасност и додаде дека се повеќе се зголемува свеста на енергетската ефикасност.
Ова не е нешто ново за ЕВН Македонија бидејќи компанијата од влегувањето на македонскиот пазар почнува активности поврзани со енергетската ефикасност. Кога на самиот почеток ние зборувавме за енергетската ефикасност многу малку медиуми ја покриваа оваа тема со еден до два написа во медиумите, додека денеска дури имаме и еден настан каде присуствуваат голем број компании и интересенти за енергетската ефикасност, рече Ќироски.
Потсети дека ЕВН почна со едукација на населението за заштеди на електричната енергијата, без притоа да го изгуби конфорот на секојдневното живеење со проектите „Енергетска азбука“ и „Енергетска математика“, а денес со произодите и услугите што ги нуди овозможува практично секое домаќинство да може да имплементира енергетска ефиканост во својот дом и да придонесе кон заштеда на својот буџет, но и за заштеда на животната средина.
Покрај ЕВН Македонија организатор на одбележувањето беа и Шпаркасе банка Македонија и ГЕФФ програмата на ЕБРД.
Comments are closed for this post.