Инвестициите во Србија во 2018 година достигнале 3 милијарди евра, што е доказ дека годината била многу добра за економијата на државата. Српскиот динар, исто така, достигнал нов рекорд и, според податоците на Блумберг, е втора најсилна валута за 2018 година.
Не можам да разберам како некој ме прашува дали динарот е готов да експлодира како бомба, а Блумберг, кој не е пријателски настроен кон мене или кон Србија, објави дека годинава (2018 н.з.) ќе биде втората најсилна валута во светот, изјави првиот човек на централната банка на Србија, Јоргованка Табаковиќ.
Уште на почетокот на годината српскиот динар достигна највисоко ниво во однос на единствената европска валута во последните три години. Тоа го направи втора најсилна валута во последните 12 месеци, а српските хартии од вредност котираа многу подобро во споредба со оние на останатите држави од регионот.
Во 2018 година, Централната банка на Србија двапати ја намали основната камата и стигна до 3%. Целта беше заживување на економијата и помагање на извозот.
Директните странски инвестиции изнесуваа близу 3 милијарди евра. Големи инвеститори и од Запад и од Исток видоа одлична можност за водење бизнис во Србија. Силно пораснаа БДП, инвестициите и побарувачката. Голем дел од општествените и државните претпријатија во 2018 година беа преструктуирани.
Comments are closed for this post.