Новата цена на струјата што ќе ја плаќаат граѓаните од август во најголем дел ќе зависи од државната компанија Електрани на Македонија. Сега граѓаните плаќаат 5,95 денари киловат час во високата тарифа. Корекција на цената ќе има, но се уште не се знае колку. Од ЕСМ велат дека тие ќе внимаваат на социјланиот момент. Државните електрани во јуни ќе анализираат по која цена ќе ја понудат електричната енергија на ЕВН Хоум за втората половина од годинава. Во јуни ќе ја прават и проценката на состојбата на термоелектраните и на хидро состојбата.

Но, од таму не откриваат дали и колкава загуба прокнижиле. Велат завршната сметка за минатата година ќе ја објават на нивниот сајт. На цената на ЕСМ која има и најголем удел во крајната цена на струјата што ја плаќаат домаќинстават, РКЕ нема можност за влијание бидејќи таа ја оформува слободниот пазар. РКЕ може да влијае само на 38 отсто – на 58 проценти нема влијание.

Енергетските експерти пак смируваат откако енергетските компаниите веќе ги доставија своите математики до Регулаторна, во кои некои од нив бараат и двојно покачување на цените за нив. Не очекуваат драстично покачување на цената на електричната енергија, а ако има тоа ќе биде минорно. Потенцираат дека сега се е во рацете на ЕСМ и ЕВН. Најмногу ќе зависи од тоа по која цена Државните електрани ќе им ја понудат електричната енергија на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум на тендерот во јуни.

Според Дединец цената ќе зависи од производството, колку е поголемо тоа од хидроелектраните, толку ќе биде пониска и цената на тендерот. Ако пак аналзите покажат дека хидроелектраните се празни ќе се произведува од термоелектраните и цената за Универзалниот снабдувач ќе биде повисока.

РКЕ може да влијае само на 38 отсто – на 58 проценти нема влијание. Уделот пак на МЕПСО во крајната цена на струјата која ќе ја плаќаат граѓаните е најмал и изнесува 3, 5 проценти. Најголемо учество има ЕСМ 43 проценти, па Електро дистрибуција со 36 проценти, а обновливите извори учествуваат со 7,3 проценти.

Дека најголемите енергетски компании книжат загуби вчера потврди и првиот човек на Регулаторна, Бислимоски. Кажа дека се аналзираат пресметките од компаниите кои трошоци ќе ги прифатат, и беше дециден дека непродуктивните расходи нема да влезат при формирањето на цената. Дали ќе има корекција на цената на електричната енергија од август, Регулаторна  дефинитивно ќе пресече на крајот на јули. Лани цената на струјата се покачи за 7,5 проценти.